Линкови за пристапност

Здрав пазар на труд во САД


Централна банка е охрабрена да ги зголеми каматните стапки во јуни

Извештај за состојбата со пазарот на труд во САД, покажува мало зголемување на бројот на лица кои се пријавиле за социјална помош помош минатата недела. Но, податоците исто така покажуваат дека бројот на лица кои биле отпуштени од работните места, останува на ниско ниво, како што е случајот последниве две години.

Економистите велат дека добрите податоци за вработување ќе ја поттикнат Централната банка да ги зголеми каматните стапки на следниот состанок во јуни. Стапката на невработеност во САД ќе се ажурира на крајот од следната недела.

Друг извештај покажува дека САД повеќе увезуваат отколку што извезуваат. Трговскиот дефицит во април беше втор најлош последниве две години.

Податоците за трговија може да значат побавен економски раст. Во петок, експертите ќе ја објават нови податоци за бруто домашниот производ (БДП), за првите неколку месеци од оваа година. Анкетирани економисти рекоа дека очекуваат БДП да се намали незначително, од разочарувачките седум десетини од процентот годишна стапка за која беше претходно известено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG