Линкови за пристапност

Франција во недела на избори за претседател


Франција во недела на избори за претседател
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Француските избори ќе бидат важен тест и за ЕУ но и за популистичките лидери кои посакуваат нејзин распад

Франција во недела на претседателските избори треба да одлучува помеѓу двајца спротивно определени кандидати, Марин Ле Пен кандидатката на десноекстремистичкиот Национален фронт и проевропски ориентираниот Емануел Макрон, партиски независниот кандидат. На дебатата што се одржа вчера во Вилсон центарот во Вашингтон, според професорот Стивен Крамер, лидер како Макрон можеби ќе биде единствениот спас за ЕУ:

„И француските но и европските лидери како да се заслепени, како да не биле државници и политичари. Но, јас мислам дека Макрон е последната шанса да ја извлече Франција, а можеби и Франција е последната шанса за опстанок на Европската Унија”, вели професорот.

Франција последните години се соочува со сериозни проблеми како што е големата стапка на невработеност, проблемот со емигрантите и терористичките напади кои се се’ почести во француската претстолнина. Спротивно на Ле Пен, Макрон според репортерот Жил Парис, е кандидат на отворена Франција која има свои интереси, безбедносни, економски и социјални кои сака да ги брани, но да делува во отворен свет.

„Целта на Макрон е да изгради коалиција, да биде водена од компромис и тоа е храбар предизвик да се обиде да создаде нова партија базирана на оваа идеа”, рече тој.

Проевропски ориентираниот Макрон во првиот круг од изборите на 23-ти април освои најголем број гласови и’ се смета за јасен фаворит во вториот изборен круг, в недела. Анкетите на јавното мислење му предвидуваат 60 проценти, наспроти 40 за Ле Пен. Вчерашниот и последен телевизиски дуел кој траеше два и половина часа, помина во жестока дебата со досега невидено вербално насилство и меѓусебни напади.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG