Линкови за пристапност

Охрид: Шопска салата за Гинис


Охрид влезе во Гинисовата книга на рекорди откако беше направена најголемата Шопска салата во светот, со тежина од 202 килограми и 86 грама. Во производството на салата учествуваа готвачи од охридскиот хотел “Гарден” како и ученици од средното угостителско училиште “Ванчо Питошески”.

За нејзината изработка биле употребени 80 килограми домати, 80 килограми краставици, 40 килограми македонско сирење, 20 килограми кромид и други потребни состојки. Салатата се подготвуваше повеќе од девет часа. Целиот процес го следеше претставник на Гинис за Источна Европа како и специјална жири-комисија од пет држави.

„Прв пат во историјата, славниот град Охрид ќе влезе во книгата на рекроди од Гинис. Но сигурно потоа ќе има луѓе кои ќе сакаат да го урнат рекордот, но не верувам дека ќе успеат во тоа“, рече Олег Назаров ресторански критичар од Русија.

Досегашниот рекорд во производство на Шопска салата го држи Бугарија, со направени 86 килограми во 2009-та година. За локалните власти во Охрид ова е одлична можност за промоција на градот во светски рамки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG