Годишниот извештај за состојбата на воздухот, објавен во средата од Американската асоцијација за бели дробови, покажа дека 6 од 10-те градови со најголеми загадувањето на воздухот, се во Калифорнија.
Во истражувањето стои дека 125 милиони Американци живеат со нездрав воздух, што доведува до рак на бели дробови, астма и кардиоваскуларни проблеми.
Меѓу најзагадените градови во дел од годината се Бејкерсфилд, Висалија-Портервил-Ханфорд, Фресно, Модесто од Калифорнија, Феарбенкс во Алабама, Сан Франциско во Калифорнија, Солт Лејк Сити во Јута и други.
Проблемот за квалитетот на воздухот во Калифорнија е резултат на растечката популација и бројните долини, што дозволува стационирање на загадениот воздух, се додава во извештајот. Големиот број сончеви денови во Јужна Калифорнија, исто така, го зголемуваат нивото на озон, додавајќи дека државата ќе се најдеше во полоша состојба доколку не беа донесени строгите регулативи за штетни издувни гасови од автомобилите, како и за ограничувањата на јаглен во термоелектраните, се вели во истражувањето.
Најголем дел од градовите посочени во извештајот се загадени преку целата година, а само шест градови немаат ниту еден ден на загаденост. Тоа се Бурлингтон во Вермонт, Хонолулу на Хаваите, Вилмингтон во Северна Каролина, Форт Маерс во Флорида, Мелбурн во Флорида и Елмира во Њујорк.
„Дури и со континуирано подобрување, голем број луѓе во САД живеат на места каде што воздухот е нездрав за дишење“, се вели во извештајот.
Во изтражувањето се користени официјални податоци од 2013-та до 2015-та година.
Facebook Forum