Линкови за пристапност

Велигден за Македонците во Њу Џерси


Велигден за Македонците во Њу Џерси
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Забележливо присуство на нови генерации иселеници од Македонија на верската прослава

Во знакот на христијанската вера, Mакедонците кои живеат во Њу Џерси ги посетија двата црковни храма во сојузната државата. Со палење на свеќа, во тивка и црковна атмосфера во црквата Св.Никола во градот Тотова, го очекуваа христовото воскресение.

„Им го честитам празникот на сите Македонци во Македонија, и на сите иселеници низ целиот свет, да ни биде среќен празникот, да ни даде долг живот на сите“, кажа Бобан Димитров.

„Јас сум Томилав Стефановиќ од Смедерево, Србија. Овде во Америка сум веќе 15 години и македонски зет сум. Ова е православен празник и на Србите и на Македонците“, додаде тој.

Отец Гоце Постоловски за Гласот на Америка изјави дека Македонците кои живеат во Њу Џерси, активно учествуваат на црковните богослужби.

„Православните христијани каде било да се во светот, секогаш го празнуваат христовото воскресение и сите православни празници по преданието на Македонската православна црква. Велигденските празници ги празнуваме овде исто како во Македонија. Учествуваме на светите литургии и на вечерните и утрински богослужби што се одржуваат во нашата православна црква“.

„Радува податокот дека младите Македонци се` повеќе ги има на ваквите настани, кои се од особен интерес за негувањето на македонската култура и традиција“, вели Горан Митевски, секретар на црковниот одбор во Црквата Св.Никола.

„Македонците тука во Њу Џерси, особено за големите празници Божиќ и Велигден, кои се исклучително големи настани, ги собираат сите Македонци, вклучително и младите од прва и втора генерација, да дојдат овде, да се дружат, и едноставно да се претстават во едно највисоко и најестетско светло и да бидат вистински амбасадори на Македонија“.

Верниците околу дворот на црквата направија три обиколки, согласно на традицијата, а по таканаречената „воскресната литургија“ и објавувањето на Воскресението Христово, со кршење на јајцата си посакаа здравје, среќа и долг живот со поздравот „Христос воскресе“, „Вистина воскресе“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG