Линкови за пристапност

Дали Охрид ќе се најде на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО?


Неколкудневната мисија на УНЕСКО пристигна во Охрид со задача да изврши контрола на градежните проекти на државата во појасот околу Охридското езеро и Националниот парк Галичица.

Станува збор за експресниот пат Охрид-Свети Наум кој би поминувал низ планината, скијачки центар на Галичица и три туристичките развојни зони. Според експертите евентуалната реализација на овие проекти може да го стави Охрид на црната листа на загрозени подрачја што е само еден чекор до губење на статусот на заштитен град кој Охрид го има уште од 1980 година.

Во јуни минатата година Охрид доби сериозни забелешки за најавените проекти. Властите тврдат дека проектите нудат просперитет за Охрид, економски и туристички.

По денешната средба со раководството на Националниот парк Галичица тие ќе се сретнат и со локалните власти и претставници на еколошки организации, а предвидена е и обиколка на стариот дел на градот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG