Линкови за пристапност

Амнести: Кина светски лидер во егзекуции


САД за прв пат во една деценија не се меѓу првите пет на листата.

Групата за човекови права Амнести интернешнал, вели дека Кина останува светски лидер во егзекуции на луѓе, додека во другите земји тие се намалени за повеќе од една третина во 2016 година.

Од Амнести интернешнал, кои се противат на смртните казни, ги вбројуваат Кина, Белорусија и Виетнам, во земји кои ги прикриваат податоците за егзекуциите, велејќи дека бројките се државна тајна.

Амнести интернешнал има податоци за егзекуции за 2016-та година и од други 23 земји покрај Кина.

Иран е рангирана како втора земја со 567 егзекуции во 2016-та година. Саудиска Арабија е трата земја со 154, па следуваат Ирак со 88 и Пакистан со 87 екзекуции.

Додека тоталната цифра во светот падна на 1.032, Амнести вели дека тоа е сепак повисоко од просекот за последните 10 години.

Криминал казнет со смрт вклучува кривични дела поврзани со дрога, шпионирање, киднапирање, силување, богохулење и предавство. Методите на екзекуција според Амнести биле обезглавување, бесење, смртоносна инекција и стрелање.

САД имале регистрирано 20 екзекуции, што е најмала цифра од 1991-ва година. Минатата година, за прв пат во изминатава децинија САД не биле меѓу првите пет според бројот на екзекуции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG