Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади на две коптски цркви во Египет, во кои загинаа најмалку 44 лица, а стотина други биле повредени.
По бомбашките напади, претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, прогласи тримесечна вонредна состојба.
„Преземаме серија мерки, но најважно е што прогласувам вонредна состојба за наредниве три месеци“, рече Сиси во обраќање на националната телевизија.
Папата Францис ги осуди нападите и изрази длабоко сочувство на целиот египетскиот народ.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер напиша „Со жалење ја примив веста за терористички напад во Египет. САД силно го осудуваат ваквиот чин.“
Трамп рече дека има голема доверба во претседателот Сиси и дека тој ќе успее да се справи со ситуацијата онака како што треба.
Facebook Forum