Линкови за пристапност

Неразрешените конфликти фокус на средбата на Г-7


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за прв пат присуствува на оваа средба, по што заминува за Русија

Дипломатите изминатите неколку години се обидуваат да најдат одговор за конфликтот во Сирија, нуклеарните амбиции на Северна Кореја и активностите на Русија во непосредното соседство и пошироко во светот. Овие прашања остануваат во фокусот и неделава, а некои од прашањата се со обновено чувство на итност, во време кога американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се среќава со неговите колеги од Групата 7 (Г-7) во Италија, пред да отпатува на разговори во Москва.

Конкретни резултати од Г-7 најверојатно ќе дојадат кон крајот на мај, кога лидерите од овие земји ќе се сретнат на самит во Италија. Но, министрите за надворешни работи на денешниот и утрешниот состанокот ќе ги постават темелите на разговорите, со приоритет на заедничките напори во борбата со Исламската држава во Сирија и Ирак.

Тилерсон кажа дека САД остануваат посветени на меѓународниот план постигнат во 2012-та година во Женева за ставање крај на конфликтот во Сирија, кој тогаш траеше само една година, и оттогаш премина во масовна хуманитарна катастрофа.

Конфликтот во источна Украина се очекува да биде меѓу темите кои Тилерсон ќе ги покрене со руските официјални претставници во Москва.

Виш претставник на Стејт департментот пред патувањето на Тилерсон најави дека најверојатно државниот секретар ќе побара од Русија да ги почитува обврските од договорите постигнати во Минск, со цел ставање крај на борбите во источниот дел на Украина и мирно разрешување на конфликтот во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG