Линкови за пристапност

Реакции од арапскиот свет за воздушните напади врз Сирија


Како и во светските, така и во арапските држави, има измешани реакции

Арапските сојузници на САД, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, изразиja силна поддршка за ракетните напади од страна на САД врз сириската воздухопловна база, додека Иран, Ирак и Алжир го осудија потегот.

Саудиската новинската агенција изрази поддршка за воената операција на САД, нарекувајќи ја „храбра одлука“ од страна на претседателот Доналд Трамп. Портпаролот на саудиското Министерство за надворешни работи изјави дека ракетните напади на САД беа „вистинскиот одговор“ на како што го нарече „злосторството“ на сирискиот режим „против својот народ.“

Сириската телевизија емитувала патриотска музика, додека нејзините коментатори ги осудувале нападите на САД. Сириската армија нападите ги нарекла „погрешна стратегија која само им помага на терористите, во прилог на кршење на меѓународните норми“.

Иранската телевизија Ал-Алам јави дека портпаролот на Министерството за надворешни работи Бахрам Касеми, „остро ја осудува американската операција“, како и „другите унилатерални акции“ според она што го нарече „изговор за да се одговори на (наводниот напад со хемиско оружје) во Хан Шејхун“.

Хилал Кашан, професор по политички науки на Американскиот универзитет во Бејрут, за Гласот на Америка изјави дека Либанците, Ирак, и други шиитски муслимани ги осудуваат нападите, но дека има многу други Арапи кои се задоволни од пораката испратена до сириската влада и нејзините сојузници.

Сирискиот опозициски лидер Џорџ Сабра, изрази поддршка за американската акција, но инсистира на тоа дека светот „се` уште чека на САД да го обелоденат остатокот од политиката кон Сирија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG