Линкови за пристапност

Политичката криза го забавува растот


Светска банка предвидува намален економски раст во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Во полугодишниот извештај на Светска банка, се алармира за економскиот пад во Македонија

Политичката криза се одрази и врз економијата. Светска банка, во редовниот извештај за Западниот Балкан, за Македонија предвидува раст од 2,8 проценти што ја става земјата на дното на регионот. Главна причина за тоа, како што велат од оваа институција, е несигурноста што инвеститорите ја чувствуваат поради кризата.

„Спротивно на претходните години кога Македонија имаше една од најголемите стапки на раст во регионот, земјата оваа година е во долниот дел од табелата. Намалувањето на растот е поради намалувањето на инвестициите кои беа погодени од политичката криза“, вели економистот Бојан Шимбов од Светска Банка во Македонија.

Светска банка заклучува дека фискалниот дефицит се намалил за сметка на скусените капитални инвестиции. Насоките се на среден рок, да се стави акцент на инвестициите, а помалку на тековните расходи и развојот повеќе да се потпира на приватниот сектор, отколку на државните интервенции.

„Сега, особено во услови на политичка нестабилност, гледаме дека државната интевренција станува доминантна, зашто приватниот сектор чека, никој не сака да ризикува во атмосфера на висока несигурност. Како што поминува времето, таквото државно интервенирање станува неодржливо и затоа им сугерираме на надлежните дека на среден рок мора да се преорентирааат кон модел со поголем акцент на инвестирање, а помалку на трошење“, рече регионалната директорка од Светска банка за Западен балкан, Елен Голдстеин.

Градежништвото е главен двигател на малиот раст и е поттикнато од државата, а не од приватни инвеститори. Светска банка заклучува дека има влошување на квалитетот на работна сила што влијае врз растот. Проблем е и јавниот долг.

„Фискалната консолидација и структуралните реформи ќе бидат неопходни за да се стабилизра јавниот долг на среден и долг рок кој во 2016-та продолжи да расте”, додава Шимбов.

Главен приоритет за Западен Балкан е отворање нови работни места. Светска банка забележува добро економско опоравување во Србија и Албанија, во Босна континуиран раст, а во Македонија намалување на растот во однс на претходните години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG