Линкови за пристапност

Стивен Бенон повлечен од Советот за национална безбедност


Американскиот претседател воедно ги намали ингеренциите на советникот за домашна безбедност, Том Босерт

Претседателот Доналд Трамп денес го смени Стивен Бенон од позијата политички стратег во Советот за национална безбедност.

Некои законодавци кои со години се занимаваат со американската надворешна политика коментираа дека е непримерно, Банон, кој како политички провокатор ја попречуваше традицијата во главниот град, да ја предводи групата експерти во Белата куќа за прашања поврзани од национална безбедност.

Пред да и` се приклучи на претседателската кампања на Трамп минатата година, Банон беше основач на Breitbart News, веб-страница со содржина на екстремно десничарски вести, мислења и коментари.

Под директива на Трамп, исто така се враќаат и две клучни позиции во Советот за безбедност и тоа, директорот на разузнавање Ден Котс и првиот човек на Здружениот генералштаб, маринскиот генерал Џозеф Данфорд.

Американскиот претседател воедно ги намали ингеренциите на советникот за домашна безбедност, Том Босерт.

Советникот за национална безбедност, армискиот генерал Ејџ Ар Мекмастер, ја доби одговорноста да го поставува дневниот ред на седниците на Советот за национална безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG