Линкови за пристапност

Кој ги организира политичките протести на средношколци во Охрид?


Протест на средношколци во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Родители бараат дистанцирање на младите од политиката; учениците велат дека и тие имаат што да кажат за ситуацијата

Стотина средношколци од неколку средни училишта од Охрид протестираа против, како што велат, обидите за федерализација на Македонија, зачувување на знамето и химната но, и како што кажаа, против воведувањето на двојазичност во државата. Протестите кои започнаа во понеделникот и тоа во текот на самиот наставен процес, рекоа дека ќе продолжат и наредните денови. Тврдат дека самите се организирале и оти никој не стои зад нив.

„Ние протестираме тука, да кажеме не за платформата. Има многумина од нас кои што сакаат да живеат во Македонија“, вели еден средношколец од Охрид.

„Нема да ја прифатиме тиранската платформа, бидејки ова е Македонија. Сами се организиравме. Не се плашиме, ќе ја подржуваме Македонија“, вели друг средношколец од Охрид.

Но, родители бараат да нема мешање на политиката во образовниот процес. Со сличен став се и некои од локалните градски советници.

„Ако ова се повтори, ќе барам и свикување на Совет на родители за поширока акција на родителите. Мора да ги заштитиме децата, бидејки ние ги праќаме на училиште, а не на протести. Секако дека ова е организирано и треба да се види кои се организаторите“, вели родителот Владо Чингоски.

„Еден апел до родителите и до сите оние кои сме инволвирани на некој начин во политиката, да ја смириме топката и да се обидеме кај младите да вдахнеме една друга енергија. Страшно е доколку национализмот се пресели во училишните клупи“, вели советникот од Советот на родители, Дејан Блажески.

Младинските активисти велат дека е некоректно политичките елити да ги злоупотребуваат учениците за партиски цели.

„Мислам дека е време после 15 години да стават прст на чело и да размислат за формирање подобри стратегии за задржување на младите овде“, рече Весна Цветаноска, младински активист од Охрид.

Директорите на охридските средни училишта не сакаа да зборуваат за протестите и наводното инволвирање на политиката во образованието.

Неодмна во гимназијата во Охрид беше поставен повик до учениците за приклучување на протестите. Но, раководството на училиштето ги осуди ваквите обиди за злоупотреба и манипулација.

Во Законот за средно образование во членот 7 стои дека во овие училишта е забрането секаков вид политичко, верско организирање и дејствување, но и дека е забрането истакнување на партиски и верски обележја.

По завршувањето на наставата, учениците имаат право сами да донесат одлука за присуство на било каква манифестација.

XS
SM
MD
LG