Линкови за пристапност

Глобална конференција за борба против Исламската држава


Државниот секретар на САД е домаќин на средбата со претставници на 68 држави

Државниот секретар Рекс Тилерсон во среда ќе биде домаќин на прва конференција во полн состав од 2014-та година. На неа ќе учествуваат министри за надворешни работи и виши претставници од 68 земји од светот, како и меѓународни организации кои се дел од коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава.

Од Стејт департментот велат дека конференцијата ќе има за цел забрзување на меѓународните напори за пораз на ИСИС во областите на Ирак и Сирија, како и зголемување на притисокот врз нејзините филијали, партнери и мрежи. Меѓу другото, на агендата ќе се најде и прашањето за приливот на бегалци од Сирија во Турција, но и во другите европски држави.

Конференцијата ќе се одржи во главниот град на САД, Вашингтон.

XS
SM
MD
LG