Одделот за правда на САД објави дека покренува обвинение против двајца руски шпиони, и две други лица осомничени за крадење на лични информации од стотици милиони лица во хакерскиот напад врз „Јаху“ во 2014-та година.
Помошничката главна правобранителка, Мери Мекорд кажа дека обвиненијата се однесуваат на двајца офицери од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и двајца хакери кои им помогнале во намерите.
Офицерите на ФСБ, идентификувани како Дмитри Докучаев и Игор Сушчин „ги штителе, насочувале, помагале и платиле криминалците хакери во собирањето на информации преку упад во компјутерските системи во САД и пошироко,“ кажа таа.
Еден од соучесниците, Алексеј Белан претходно од страна на САД беше два пати обвинет за слични хакерски упади, и се наоѓа на листата на ФБИ за најбарани кибернетски криминалци повеќе од три години.
Мекорд вели дека другиот хакер, Карим Баратов, вчера бил уапсен во Канада.