Британската премиерка Тереза Меј ќе се обрати пред парламентот, на само еден ден откако пратениците одобрија почеток на процесот на излегување на Велика Британија од Европската унија.
Меј се` уште чека на последниот чекор - согласност од кралицата Елизабета.
Тоа може да се случи уште во текот на денешниот ден, кога таа и формално ќе ја извести ЕУ дека го активира членот 50 со кој е предвидено како членка на блокот може да се повлече.
Се очекува процесот на фактичко излегување да трае околу две години, период во кој претставниците на Британија и ЕУ ќе преговараат за тоа како ќе се развива понатамошното политичкото и економско партнерство.
Распадот почна со јуни 2016-та кога Британците со тесно мнозинство одлучија да ја напуштат ЕУ.