Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом му даде рок на претседателот Доналд Трамп до понеделник да даде докази за неговите тврдења дека телефоните во Кулата Трамп во Њујорк биле прислушувани за време на минатогодишната претседателска кампања.
Минатата недела, претседателот на Твитер напиша дека поранешниот претседател, демократот Барак Обама, наредил прислушување на седиштето на републиканецот Трамп, но тој не понуди докази. Тој на Твитер напиша „Страшно. Само што дознав дека Обама ме прислушувал во Кулата Трамп, непосредно пред победата. Ништо не е пронајдено. Ова е мекартизам.“ Алузијата е на 1950-те, кога сенаторот Џозеф Мекарти иницирал голем број истраги барајќи докази за лица со комунистички врски.
Портпарол на Обама, кажа дека наводите на Трамп се „едноставно невистинити.“ По она што го напиша на Твитер, Трамп не елаборираше.
Во неделата, сенаторот Џон Мекејн од Аризона за CNN кажа: „Претседателот има една од две опции: или да го повлече тврдењето или да обезбеди информации кои американскиот народ ги заслужува.“
Мекејн изјави дека „нема причина да верува дека обвиненијата се вистинити.“
Според законот на САД, претседателот не може да нареди нечие прислушување на телефони. Тоа треба да биде одобрено од страна на федерален судија.