Група за набљудување на состојбата во Сирија пренесе дека најмалку 14 лица, вклучувајќи и осум деца, загинале во воздушните напади во село во северниот дел на Сирија.
Сириската обсерваторија за човекови права во британската база вели дека можно е коалицијата предводена од САД и нејзините авиони да го бомбардирале селото ал - Матаб, лоцирано западно од градот Рака, град кој е самопрогласен како престолнина на Исламската држава. Се верува дека околу 4000 припадници на Исламската држава војуваат во Рака.
Од страна на коалицијата не се огласија за коментар.
Воздушните напади дојдоа во време кога американските маринци се движат во областа за да помогнат во борбата за протерување на силите на ИД од градот Рака.
Вашингтон Пост прв објави за распоредувањето на артилериски батаљон од страна на САД во случај на ескалација на судирите. Воени официјални лица ваквите објави ги потврдија.
Американски маринци веќе се распоредени во градот Манбиј лоциран 138 километри северозападно од Рака.