Линкови за пристапност

Дали Викиликс ја поткопува ЦИА?


Она што го прави Викиликс, а тоа е протекување на документи, треба да биде загрижувачко и, во најмала рака, навреда за секој Американец, коментира Белата куќа

Портпаролот на американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА), одби да коментира за веродостојноста на 8.771 документи кои протекоа во средата, но вели дека постои мала можност за намерите на Викиликс „да напрат штета на ЦИА, која се бори за заштита на САД од тероризмот.“

За време на брифингот во средата, портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер рече дека сите треба да бидат загрижени:

„Ова треба да биде главна грижа на сите нас во врска со протекувањето на документите со кои некој сака да не турне на дното. Самата помисла дека имаме вакво нешто, а посебно протекување на информации поврзани со националната безбедност, би требало да биде нешто што секого би го навредило во оваа земја. Ова е еден вид на поткопување на нашата земја, безбедност и нашиот секојдневен живот, коментираше Спајсер.

За документите на ЦИА, Спајсер одби да ја потврди нивната автентичност. Но, неколкумина други експерти за кибернетска безбедност, како и поранешни разузнавачи кои имале можност да ги видат документите, за Гласот на Америка изјавија дека најверојатно тие се вистинити.

Професорот за меѓународни односи Џонатан Аронсон, при Универзитетот на Јужна Калифорнија, вели дека документите само покажуваат што работела ЦИА:

„Мислам дека ЦИА добро си ја врши својата работа. Но, американската влада и дава на ЦИА милиони долари годишно, и дел од тие пари одат за шпионирање, и не на американскиот народ туку на другите, тогаш мислам дека тие имаат вакви алатки и се` додека се користат разумно и во согласност со законите, зошто би бил загрижен?!“ коментира Џонатан Аронсон.

Викиликс изјави дека документите ги добиле од поранешен хакер кој работел во владата на САД.

Она што е загрижувачко за официјални лица во САД и западните земји е тоа што се сомневаат дека постои голема можност за руска вмешаност.

XS
SM
MD
LG