Линкови за пристапност

ЗНМ: Благодарност до САД за објективниот извештај за медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и се заблагодари на американската администрација за објективниот извештај особено во делот околу слободата на говорот во Македонија, каде се констатира дека овие слободи се загрозени поради постојаниот притисок на владата врз медиумите.

„Вашингтон ги препознава изворите на кризата во македонските медиуми како што е појавата на неказнивост на насилството врз новинарите и злоупотребата на јавни пари од владата за контрола на медиумите“ стои во соопштемнието на ЗНМ.

Од здружението посебно го истакнуваат делот за злоупотребата на јавните пари од владата со цел да се замолчат и инструментализираат медиумите.

„И покрај мораториумот на владините кампањи во 2015 година, во Извештајот се наведува дека таа мерка не ги опфатила сите јавни и приватни институции поврзани со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ЗНМ и додаваат дека МТВ се злоупотребува за промоција на владејачката партија, како дел од координираната уредувачка политика со уште три најгледани приватни телевизии.

Во извештајот се нотирани и зачестените инциденти – од физички напади до смртни закани против новинарите, во кои се вклучени и носители на јавни функции. Загрижува фактот што ниту еден од овие напади не е расветлен досега од институциите.

„Важно место во Извештајот има и системската хајка против новинари од власта, преку тужби за клевета и лустрација. Овој вид на притисок се илустрира со случајот со лустрирањето на главниот уредник на Фокус, Јадранка Костова и тужбата за клевета од ДУИ против главниот уредник на весникот Лајм, Исен Салиу“ се вели во соопштението на ЗНМ.

XS
SM
MD
LG