Линкови за пристапност

САД: Меѓународниот ден на жената одбележан со протести


Неколку училишни дистрикти во САД денес се принудени да ги затворат училниците, откако професорите најавиле дека ќе учествуваат на протестот „Ден без жена,“ против претседателствувањето на Доналд Трамп.

Во Александрија, Вирџинија, која се наоѓа во близината на Вашингтон, ќе бидат затворени 16 јавни училишта, со цел да се приспособат на штрајкот на вработените во јавниот сектор.

Во Северна Каролина, од дистриктот Чапел Хил - Карборо соопштија дека ќе ги затворат сите 20 училишта, бидејќи голем број на наставници планираат да штрајкуваат.

Протестот „Ден без жена“ е промовиран од страна на истите организатори кои го организираа маршот во јануари во кој на само еден ден по инаугурацијата на Трамп на улиците во Вашингтон излегоа стотици илјади лица.

Целта на организаторите е протестот да се совпадне со прославата на Меѓународниот ден на жената.

Во Детроит, група на жени се собираат на „Една голтка и суши“, каде што ќе уживаат во "чај, суши, можност за запознавање и многу повеќе", се вели на веб -страницата на Меѓународниот ден на жената.

Во Њујорк, коалиција од женски активистки планира марш кој ќе поминува покрај неколку важни знаменитости поврзани со движењето за правата на жените.

XS
SM
MD
LG