Линкови за пристапност

Трамп ќе потпише нова забрана за патување


Новата извршна наредба ќе биде ревизија на претходната, со изземање на Ирак од шесте претежно муслимански држави

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник се очекува да потпише нова извршна наредба за суспендирање на прием на бегалци и забрана на влез од шест главно муслимански држави.

Наредбата е ревидирана верзија на онаа што Трамп ја потпиша кон крајот на јануари, со образложение дека потегот е неопходен за да се направи ревизија на процедурата на проверки и заради заштита на националната безбедност. Со неа се забрани влез на луѓе од Ирак, Иран, Сирија, Либија, Јемен, Сомалија и Судан.

Официјални лица велат дека новата наредба ќе го изземе Ирак од листата, но другите остануваат под привремената забрана.

Келиан Конвеј, висока советничка на претседателот Трамп, за Фокс Њуз кажа дека забраната ќе влезе во сила на 16-ти март и нема да се однесува на имигранти со виза или со статус на постојани жители.

XS
SM
MD
LG