Линкови за пристапност

Данкан - Иванов да ја преиспита одлуката за мандатот


Британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита завчерашната одлука во врска со доделувањето на мандатот за формирање влада.

Данкан, во денешната изјава по повод случувањата во земјава, изразува разочарување поради, како што наведува, неуспехот на Иванов за разрешување на политичката криза.

„Шеесет и седум новоизбрани пратеници во Собранието што застапуваат различни заедници во Македонија побараа да формираат влада. Шеесет и седум од вкупно 120 е јасно мнозинство“, истакнува Данкан.

За време на посетата на Македонија во февруари годинава, Данкан се сретна со политичките лидери и со претседателот Иванов. Ја реафирмира британската цврста посветеност на Македонија и поддршката за членство во ЕУ и НАТО.

Радио Слободна Европа

XS
SM
MD
LG