Невообичаено топлото време во Вашингтон поттикна ревидирање на прогнозата за цутењето на црешите кога се одржува еден од најубавите фестивали во главниот град.
Националнит фестивал на цутењето на црешите обично се поклопува со цутењето на близу илјада и седумстотини црешови дрвја во центарот на Вашингтон, на бреговите на реката Потомак.
Времето кога овие цреши цутат варира во зависност од временската прогноза и тоа може да биде во распон од две до четири недели. Оваа година, топлата зима го промени цутењето кое обично е од 14-ти до 17-ти март, велат официјални лица.
Фестивалот што содржи настани атрактивни за туристите се одвива за време на цутењето на дрвјата што биле дадени како подарок на САД од Јапонија во 1912-та година. Топлото време ги натера организаторите да ги забрзаат подготовките.
Цутот на црешите е една од најголемите туристички атракции на Вашингтон, и обично трае меѓу четири и десет дена.
До сега овој фестивал има започнато најрано на 15-ти март во 1990-тата година, и најдоцна на 18-ти април во 1958-ма година.