Линкови за пристапност

Мешани реакции во Конгресот по говорот на Трамп


Некои сметаат дека претседателот добро напредува на функцијата, а други му зебележуваат отсуство на детали за политиката

Вчерашното прво обраќање пред Конгресот на претседателот на САД, Доналд Трамп, се следеше од различни локации. Некои седеа внатре во салата на Претставничкиот дом, други пак, обраќањето го следеа на монитори од куглана во Пенсилванија, трети пак, тоа го направија на формален собир во Лас Вегас.

Нивните импресии се различни. Некои во говорот препознаа воодушевувачка визија за земјата и потреба да се стават американските интереси пред било што друго. Другите пак, во обраќањето на Трамп видоа претседател кој допрва треба да ги реализира своите ветувања, за кои синоќа не изнесе детален план.

Републиканскиот претставник Џо Бартон мисли дека Трамп има „визија за заживување на Америка,“ а со тоа дава надеж на американската работничка класа и на конзервативците, кои сакаат помала влада.

„Како и повеќето претседатели тој е силен на зборови, но послаб во делот каде треба да објасни како ќе најде пари за ветеното,“ рече тој.

Бартон го претставува шестиот конгресен округ во Тексас. Една од тие е област кој е 30-ти реон, дом на градот Далас. Таму, Џеф Олсен, републиканец кој не бил сигурен за Трамп но сепак гласал за него, рече дека е време да види дали претседателот може да ја претвори својата популистичка допадливост во политиката за подобар живот на граѓаните.

„Не мислам дека е фискален конзервативец каков што сум јас,“ изјави Олсен за Гласот на Америка. „Мислам дека тој не ја гледа важноста на многу социјални прашања како што ги гледам јас, и мислам дека ја нема мојата перспектива на едукатор, татко на четири деца, кој работи со сопруга која исто така е наставничка, и каде двајцата едбај врзуваме врзиш крај со крај.“

Демократот Рубен Кијен рече дека е разочаран што Трамп ова обраќање не го искористи за да ги објасни своите планови за враќањето на работните места, како ќе го поправи имиграциониот систем на државата како и подетално да ги објасни најавуваните реформи во здравствениот систем.

„Американскиот народ е уморен од слушање реторика, ние сакаме да видиме акција,“ рече тој.

Членовите на Конгресот кои зборуваа за Гласот на Америка после неговото обраќање беа поделени околу тоа дали Трамп во пракса ќе работи заеднички со нив. Голем број од демократите изразија скептицизам, но во исто време и подготвеност да работат со него. Една од областите која може да се каже дека ќе има можност за соработка е поправката на инфраструктурата во земјата.

„Тој зборуваше за некои добри работи за кои се надевам дека ќе најдаме заеднички јазик, а тоа се инфраструктурата, семејството, детската заштита, градењето на армијата,“ рече демократот Јоакин Кастро од Тексас.

Неверојатно е прашањето за тоа како ќе се платат еден трилион долари кои Трамп планира да ги потроши за инфраструктурни проекти.

Во кугланата во Холмс, Пенсилванија, поддржувачот на Хилари Клинтон, Пит Харван, исто така се прашува како Трамп ќе најде пари за сите негови цели кои ги зацртал.

„Како тој планира да ја изгради инфраструктурата со намалени даноци? Доколку сака тоа да го направи треба да ги зголеми даноците за богатите,“ вели Харван.

Брајан Галагер сопственик на глобален бизнис е поддржувач на Трамп. Тој е среќен што слушна дека претседателот ќе го одржи ветувањето за ставање на Америка на прво место.

„Некој конечно почна да зборува за економијата и американските работници. Нема ништо лошо во тоа“, рече Галагер.

Според конгресменот Ворен Дејвидсон, републиканец кој го претставува осмиот дистрикт во западно Охајо, говорот на Трамп покажал многу позитивна визија за државата.

XS
SM
MD
LG