Линкови за пристапност

Оскари полни со грешки


Заборавени личности, погрешни фотографии и други грешки, го одбележаа овогодинешното издание на Оскарите.

Доделувањето на Oскар за најдобар филм не беше единствениот проблем синоќа на настанот во Лос Анџелес.

За време на церемонијата во чест на личности од филмската индустрија кои починале изминатата година, организаторите објавија фотографија од жена која се` уште е жива.

На слика се појави австралиската продуцентка Жан Чепман наместо фотографија од Џенет Патерсон, костимографка која починала минатиот октомври.

„Бев шокирана кога ја видов мојата слика наместо сликата на мојата голема пријателка и соработничка Џенет Патерсон,“ изјави Чепман за магазинот Вариети.

Тие работеле заедно на филмот „Пијано“ во 1993 година, кој освои три оскари.

И тоа не е се`. Во „Ин Мемориам“ кога Гери Шендлинг и Флоренс Хендерсон не беа воопшто спомнати. И двајцата беа добро познати по нивните телевизиски кариери.

XS
SM
MD
LG