Линкови за пристапност

Moonlight – со осум Оскари вклучително и за најдобар филм


La La Land доби шест Оскари, и по грешка првично прогласен за победник

Moonlight беше прогласен за најдобар филм откако беше исправена грешката што ја доведе на сцена екипата на La La Land.

Романтичниот мјузикл La La Land освои награди за продукциски дизајн, оригинална музика и оригинална песна.

Ема Стоун доби Оскар за најдобра актерка, Демијен Шазел, Оскар за најдобар режисер.

La La Land беше најавен како најдобар филм, но по грешка.

По голема конфузија, титулата најдобар отиде кај Moonlight, приказна за црно момче кое осознава дека е хомосексуалец.

Махершала Али го освои Оскарот за најдобра машка споредна улога за истиот филм, а самиот филм доби Оскар за адаптирано сценарио, една година после критиките на оскарите за недостаток од разновидност.

Виола Дејвис го доби Оскарот за најдобра женска споредна улога за улогата во драмата Fences.

Оскарот за најдобра машка улога отиде кај актерот Кејси Афлек за улогата во драмата Manchester by the Sea.

Иранскиот режисер Ашгхар Фархади кој го освои Оскарот за филм од не-англиско потекло, The Salesman, но тој дојде на настанот во знак на протест поради имиграционата политика на администрацијата на претседателот Трамп.

XS
SM
MD
LG