Линкови за пристапност

Мосул, што потоа?


Останува отворено прашањето околу иднината на ирачкиот град откако беше ослободен од Исламската држава

Битката за Мосул беше бавна и крвава, како за ирачките војници, така и за цивилите.

Откако ирачките воени сили ја започнаа акцијата за повторно преземање на градот, последното големо урбано упориште на Исламската Држава (ИД), минатиот октомври, ирачките трупи мораа да ги преживеат ракетните напади, самоубиствените бомбашки напади, снајперскиот оган како и малите неконвенционални напади од беспилотните летала.

Ирачките сили сега се фокусирани на западниот дел од градот после едномесечните напори да го обезбедат источниот дел на Мосул, прашање кое се поставува сега за тоа што ќе се случи со градот после соборувањето на борците од ИД, прашање кое станува се понужно.

Дополнителна загриженост постои за тоа како ќе биде регулиран градот Мосул, и дали секташките групи ќе се помират.

Претходно оваа недела, официјални лица од САД, вклучувајќи го и секретарот за одбрана Јим Матис, им стави јасно до знаење на новинарите во Ирак дека повлекувањето на 9000 американски војници како и војниците од коалицијата нема да се случи наскоро.

„Мислам дека владата на Ирак сфати дека оваа борба не е лесна и дека потребата од асистенција и помош на коалицијата е се` уште потребна,“ изјави за новинарите во Багдад, генерал-потполковникот Стефан Таунсенд, командант на здружените сили.

Никој не очекува дека ИД ќе исчезне по поразот во градот Мосул. Експертите на коалицијата против бунтовниците може да се покаже како клучна.

Курдските разузнавачки служби веруваат дека џихадистичката терористичка група ќе поведе немилосрден самоубиствен бомбашки напад вклучително и во североисточниот дел на Ирак на планината Хамрин. Тие веруваат дека стотици, а можеби и илјадници борци кои побегнале во последните месеци од Мосул нема да го намалат влијанието на лидерот Абу Бакар ал-Багдади.

Премиерот на Курдската регионална влада Нечирван Барзани рече на економската конференција во Ирбил: „Сите политички и религиозни субјекти треба да ги заслужат своите улоги во политичкиот процес и одредувањето на иднината на регионот, но и тоа како тие сакаат истиот понатаму да биде регулиран.“

Сега, грижата на премиерот на Ирак Хајдер Ал Абади, ќе биде под голем притисок од страна на лидерите на ирачките Шиити и Иран, да се наметне владина структура за градот и околната провинција Нинева, слично на она што претходно постоело пред да биде преземен градот Мосул од страна на Исламската држава. Тоа значи дека целиот град ќе остане администрациски под доминантна шиитска контрола.

XS
SM
MD
LG