Линкови за пристапност

Иднината на бегалците во Србија


Отворањето на нов прифатен центар за бегалците можеби ќе го реши проблемот со нивното сместување кои во моментов се наоѓа во мрачни услови

Сончево е надвор, но во трошните бараки во Белград, темнината е разбиена единствено од слабото треперење на огнот околу кој седат бегалците во очај и исчекување да ја напуштат Србија.

Многумина заминале во официјалниот камп кој е отворен да ги прифати бегалците.

Како и` да е, стотици од нив, кои решиле да останат, калкулираат со лошите услови до крај.

„Ова е многу тежок живот, многу е валкан,“ објаснува 16 годишното авганистантско момче Саид Абид, кој побегнал од својот дом уште пред седум месеци, поради заканите од Талибанците кон неговото семејство.

„Немам видено досега вакво место. Ова место е за животни, а јас сега спијам тука,“ вели тој.

Условите се мрачни и можат да се слушнат стаорците како шушкаат по ѓубрето, додека температурата се спушта под нулата во вечерните часови.

Минатиот месец, објектот беше исполнат со остар мирис, отровен чад кој доаѓаше од железничките греди кои луѓето ги палеа за да се стоплат од снежното невреме.

Ваквата ситуација го привлече вниманието на меѓународните медиуми да ја поттикнат идејата за отварање на камп кој ќе биде специјално наменет за луѓето кои живеат во бараките.

„Нашата цел беше овие луѓе да се оддалечат од таму, и да се сместат во специјален центар за азиланти,“ објаснува Иван Мишковиќ, кој работи во владиниот комесаријат за бегалци и емигранти. Оваа преселба тој ја нарекува „хуманитарен гест“.

Последниот логор, од вкупно 17 во Србија, беше отворен со фокус врз машката популација од опкружувањето на бараките.

Чиста постела е она што му треба на авганистанецот Абдул акбар Сафи, кој некогаш работел за НАТО, а денес живее во барака.

Но, за некои од бегалците и животот во барака е игра на броеви. Од вкупно 7500 бегалци, слободни места по камповите има само за 6000.

За другите, пак, останувањето настрана е прашање на избор. Како што многумина спијат во лоши услови, Сафи и неговата одлука да остане во бараките е воден од мислата и желбата да си го пронајде патот до Европската Унија. Тој се чувствува запоставен и безпомошен од моменталната безизлезна ситуација помеѓу државата и процедурите кои постојат.

Сафи се обидел вкупно 29 пати преку нелегален пат да стигне до ЕУ, но не успеал.

Бројот на бегалци се зголемил откако Хрватска ги затвори своите граници. Сега преку нејзината граница можат да поминат само по 10 лица во текот на еден ден.

Наскоро бегалците нема да имаат можност да избираат околу мизерните услови кои ги имаа во бараките од касарната додека се подготвуваат за натамошниот пат кој ги чека.

Заканата дека овие бараки во касарната можат да бидат рушени, поради големиот проект на градот „Белград на вода“, може да биде реализирана.

Но, Сафи сака да биде надвор од логорот.

„Можеби ќе најдам нешто надвор од ова место, можеби ќе живеам во парк. Еден ден, кога ќе имам повеќе среќа, ќе ја поминам границата,“ додава тој.

„Никогаш нема да се откажам“.

XS
SM
MD
LG