Линкови за пристапност

Поборниците за анти-вакцинација - закана по здравјето на милиони деца


И додека тврдат дека вакцините предизвикуваат аутизам кај децата, научниците и новите технологии докажуваат спротивно

И додека Светската Здравствена Организација ја поддржува иницијативата за вакцинација на пет милиони деца во Јемен против детска парализа, во САД, движењето против вакцинацијата добива на интезитет. Д-р Питер Хотез е експерт по заразни болести и се обидува тоа да го запре.

Хотез има многу титули што е тешко да се спомене само една од нив. Тој е декан на националното училиште за тропска медицина во Бајлор колеџот и професор за педијатрија, молекуларна вирологија и микробиологија. Во Тексас, во детската клиника во Хјустон, тој е директор на центарот за вакцинација.

За Гласот на Америка во интервју дадено преку „Скајп“, Хотез рече дека движењето за анти-вакцинација во Тексас зеде толку многу голем замав, што 50 илјади деца не се вакцинираа, воопшто. Тој е загрижен за повторната појава на малите сипаници во Тексас но и на некои други места во САД. Тој вели, „малите сипаници се лош актер. Иако неможат да убијат, сепак, можат да направат невролошка штета.“

Повеќето луѓе на малите сипаници гледаат како на исип проследен со треска која ќе исчезне за недела или две, но после 10 до 12 дена кога симптомите ќе исчезнат, вирусот може да се пренесе на други лица. Овие сипаници се многу заразни. Во 70-тите години, пред да биде воведена вакцината за нив, оваа заразна болест беше водечки убиец на децата низ целата планета.

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината против малите сипаници резултирала со 79 проценти пад на смртноста кај децата на светско ниво и тоа во период од 2000 до 2015-та.

Групата против вакцинацијата земала толкав голем замав, што Хомез е загрижен дека ова движење може да се прошири насекаде низ САД.

Движењето против вакцинацијата датира уште од 1998 година, кога британскиот лекар Ендрју Вејкфилд, издаде лажна студија за поврзаноста помеѓу вакцините и аутизамот. Бројни студии од тогаш па наваму покажаа дека нема никаква поврзаност помеѓу нив. Вејкфилд, на кого му беше одземена лиценцата за медицина, сега живее во Тексас и е активен поддржувач на движењето за анти-вакцинација.

Хотез вели дека науката во денешно време докажала дека невролошкиот развој во мозокот кој предизвикува аутизам започнува уште при самото зачнување и дека тоа не е предизвикано од вакцините.

Во претходниот извештај на движењето за анти-вакцинација, Д-р Антони Фаучи експерт за заразни заболувања во Националниот институт за здравство, вели за Гласот на Америка: „Ако треба да одберете една интервенција, ако ја избалансирате инвестицијата што ја правите во истражувањето и имплементирањето на здравствените придобивки, тогаш вакцините мора да се најдат високо на листата.“

Хотез е загрижен за псевдонауката и честото тврдење за заговор против владата од страна на движењето за анти-вакцинација. Доколку влијанието на ова движење продолжи да се шири и понатаму, вели тој, здравјето на голем број деца низ целиот свет, ќе биде загрозено.

XS
SM
MD
LG