Вицеадмиралот Роберт Харвард се верува дека ќе биде именуван за советник за национална безбедност од страна на претседателот Доналд Трамп. Tој е поранешен член на специјалнaтa единица на американската морнарица, завршил средно образование во Иран пред Исламската револиција во 1979-та година, и течно зборува персиски јазик. Неговиот татко своевремено бил капетан во американската морнарица и советник на иранската армија.
Харвард е почитуван во националната заедница за безбедност и има блиски врски со секретарот за одбрана Џејмс Матис. Заедно служеле кога Харвард бил заменик-командант во Централната команда, одговорна за американските сили на Блискиот Исток.
Шеесетгодишниот Харвард, кој заминал во пензија во 2013-та година, моментално работи како извршен директор во компанијата "Локид Мартин", каде е фокусиран на соработката со Oбединетите Арапски Емирати.
Од Белата куќа досега јавно не го објавиле неговото назначување, ниту пак е познато дали тој ја прифатил функцијата, што не е предмет за потврда од Сенатот.
Доколку биде потврден, Харвард ќе го замени генералот во пензија Мајкл Флин, кој неделава даде оставка заради погрешно информирање околу неговите контакти со руски официјални лица пред претседателската инаугурација.
Мандатот на Флин како советник за национална безбедност е најкраткиот досега, помалку од еден месец, и предизвика силни партиски препирки во Вашингтон.
Харвард од друга страна, е лице кое е почитувано од обете политички страни во САД.
Како советник за национална безбедност, Харвард би бил одговорен за координарње на политиката за нуклеарна и ракетна програма на Иран, како и за рекција на растечкото регионално влијание на Техеран.
Роберт Харвард има искуство со Белата куќа. Тој работел во Националниот совет за безбедност во администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, со фокус на контратероризмот.