Линкови за пристапност

Средба САД - ЕУ за поголема соработка


И покрај спротивставените ставови околу НАТО и Брегзит, Европската Унија и САД за отворените прашања и за потесна соработка

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во се сретна со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Двете земји се обидуваат да најдат заеднички области на соработка и покрај поддршката, која и ја даде американскиот претседател на Британија за излез од ЕУ.

Задача на Могерини беша да ги испита односите на Европа со новата администрација на Доналд Трамп, почнувајќи од врвот, со дипломатот Тилерсон.

Могерини по завршувањето на состанокот во Вашингтон го нарече „плоден“ и додаде дека ЕУ и САД имаат многу отворени прашања, за кои би сакале потесна соработка.

За време на својата посета во Вашингтон, Могерини се сретна и со членови на Конгресот како и со официјални лица за безбедносна политика од Белата куќа.

Претседателот Трамп претходно изрази воодушевување за Британија и Брегзит, додека во неколку наврати го критикуваше НАТО и дел од европските институции.

Тој, пак, изрази пофални зборови спрема рускиот претседател Владимир Путин, кој, има влошени односи со неколку европски држави.

XS
SM
MD
LG