Линкови за пристапност

Противник на Обамакеар ќе раководи со Одделот за здравство


Том Прајс ќе ја предводи кампањата за реформа на здравственото осигурување

Сенатот со 52 наспроти 47 гласа одобри Том Прајс да биде нов директор на Одделот за здравство на САД.

Гласањето беше рано наутро, на крајот на седницата која траеше по полноќ.

Прајс беше конгресмен од државата Џорџија. Тој е хирург, и противник на законот познат како Обамакеар.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, рече дека Прајс „знае повеќе за политиката на здравствената заштита од кој било друг." Меконел кажа дека Прајс ќе помогне „да се донесе стабилност на пазарот за здравствената заштита, кој сега е нарушен од Обамакеар.“

Прајс кој има 62 години, ќе ја води кампања за отповикување на Законот за здравствена заштита што овозможи пристап на 20 милиони Американци до здравствено осигурување.

Републиканците велат дека сакаат да го заменат законот, но немаат договор како ќе изгледа новиот.

XS
SM
MD
LG