Американскиот федерален апелационен суд се очекува да ги сослуша усните аргументи во правната битка по извршната наредба на претседателот Доналд Трамп која беше суспендирана од судија, а се однесува на забраната за влез во САД на бегалци од седум претежно муслимански држави.
Зборувајќи пред членови на Асоцијацијата на национални шерифи во Белата куќа, претседателот не го предвиде исходот од сослушувањето, но рече дека бил запознаен со случајот.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави за новинарите дека претседателот ќе ја почитува одлуката, каква и да е.
Усните аргументи ќе бидат презентирани преку телефон до судиите од Деветтиот окружен суд во Калифорнија, а сослушувањето ќе биде пренесувано во живо преку интернет.