САД, но и Мексико, ги демантираат тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп, предупреди дека е спремен да испрати воени сили во Мексико.
Асошиејтед Прес, но и мексиканската новинарка во Вашингтон соопштија дека Трамп во телефонски разговор минатата недела со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, му кажал дека ќе испрати американски сили за да се справат со „лошите мексикански момци“, доколку Мексико не направи нешто во врска со нивна поголема контрола.
Оваа изјава на Асошиејтед Прес е базирана на делумен транскрипт од телефонскиот разговор, што го добиле од анонимен извор. Оттаму велат, дека не биле во можност да го детерминираат тонот на забелешката од Трамп.
За весникот Њујорк Тајмс, пак, висок претсавник од администрацијата во средата вечер изјавил дека коментарите се направени на шега и не значат ништо друго, освен понуда за помош на Мексико во борба против нарко -бандите и контрола на границата.
Едуардо Санчез, портпаролот на мексиканскиот претседател изјавил „апсолутно не е вистина“.