Линкови за пристапност

По ракетниот тест на Иран ќе се огласи Советот за безбедност на ОН


Со резолуција на светската организација се забранува тестирање на ракетни проектили способни да носат нуклеарни боеви глави

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итни разговори како одговор на тестот на балистичка ракета од страна на Иран.

САД побараа средба, по неделното лансирање на ракетата со среден дострел. Типот на ракетата и капацитетот се` уште не се познати.

Со резолуцијата на Советот за безбедност од 2015-та се забранува Иран да спроведува активности со било какви ракетни системи способни да носат нуклеарни боеви глави.

Осумгодишната забрана следеше по постигнувањето на договорот меѓу Иран и шесте светски сили за ограничување на програмата, во замена за подигање на санкциите.

За време на прес конференција во Техеран, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ниту потврди ниту отфрли дека земјата спровела ракетен тест, но ја повтори иранската позиција дека иранските ракети не се дизајнирани да носат нуклеарни боеви глави.

XS
SM
MD
LG