Линкови за пристапност

Музиката погласна од зборовите


Нова изложба во Њузеимот во Вашингтон што ја истражува моќта на рокот во промената на односот кон патриотизмот, мирот и слободата

Кога ги гледате поставките на изложбата „Погласно од зборови: рок, моќ и политика “ и сликата на познатиот Боно, фронтмен на групата U2, со палто поставено со американско знаме, ви станува јасна големината и значењето на музиката во американското општество и воопшто во животот на луѓето.

„Боно со неговиот настап на полувремето на спортскиот настан на Супер бол беше навистина голем момент. Тоа беше прво нешто снимено по 11-ти септември и отварањето на шоуто на ваков начин придонесе за Американците и светот да станат едно, со осудата на терористичкиот чин. Тоа беше момент кога музиката ги зближи луѓето уште повеќе“, ни рече Соња Гаванкар, од американскиот Њузеум, водејќи не` низ новата изложба на Музејот на новинарството, во Вашингтон.

Гаванкар вели дека новинарството е тесно поврзано со темата на изложбата и всушност се поклопува со првиот амандман на американскиот устав за слобода на изразувањето.

„Новинарството е само еден дел од слободата. Слобода е и религијата, изразувањето и говорот. А сето тоа се сведува на едно - музиката е слобода на говор, и помага луѓето да проговорат за она што им е важно“, додава таа.

Изложбата доаѓа во интересно време. Сега, кога многумина го поддржуваат новиот претседател на САД, Доналд Трамп, а речиси исто толку не се среќни со неговиот избор, Гаванкар смета дека е вистински момент луѓето да ја искористат можноста за слободата на изразување за креативност и дела кои можат да донесат промени.

Изложбата „Погласно од зборови“ го истакнува пред очите на посетителите тој пресек на рок музиката, моќта и политиката преку изразот на уметниците во критични политички моменти.

Преку бројни артефакти и фотографии, како и мултимедијални презентации, изложбата го истражува влијанието на музиката врз граѓанските права, Виетнамската војна и родовата еднаквост. Голем дел е посветен на улогата на американските претседатели во промоција на музиката како политички израз.

XS
SM
MD
LG