Линкови за пристапност

Трамп ќе ја објави номинацијата за Врховниот суд


Ако добие потврда од Сенатот, ќе се пополни испразнетото место на судијата Скалиа, кој почина минатата година

Претседателот Доналд Трамп се очекува денеска да го објави неговиот избор за член на Врховниот суд. Тој ќе го пополни испразнетото место во највисокиот суд на САД, кој сега е поделен по идеолошки линии.

Ако биде потврден од Сенатот, судијата ќе го пополни испразнетото место на Антонин Скалиа, кој почина во 2016-та година. За време на кампањската дебата, Трамп кажа дека тој сака да назначи некого „кој е од калибарот на судијата Скалиа.“

Поранешниот претседател Барак Обама го номинираше апелациониот судија Мерик Гарленд за функцијата, но Сенатот под контрола на републиканците одби да го разгледа предлогот, велејќи дека следниот претседател треба да ја направи номинацијата.

Демократите во Сенатот сигнализираа дека ќе спроведат филибастер и издејствуваат 60 гласа за потврдување на номинацијата. Во моментот, републиканците имаат мнозинство во Сенатот од 52 наспроти 48 гласа.

XS
SM
MD
LG