Линкови за пристапност

Собите за Денот на мрмотот поскапи отколку за Супер-бол


Оваа недела два настани ќе привлечат илјадници посетители во Америка

Хотелска соба за денот на мрмотот ќе чини повеќе отколку за финалето во американскиот фудбал, Супер-бол.

Туристичката веб страна Триваго вели дека просечната цена за издавање на соба во Панксетон, Пенсилванија за денот на мрмотот кој се слави на 2-ри февруари, ќе биде околу 450 долари. Соба во хотел за финалето во американскиот фудбал или Супер Болот во Хјустон ќе биде пониска, и тоа околу 340 долари, во зависност од понудата.

Денот на мрмотот, во четврток, датира уште од 19-тиот Век и претставува предзнак за тоа, кога ќе пристигне пролетта. Според легендата, доколку денот е облачен, и мрмотот не може да ја види својата сенка, пролетта ќе пристигне порано, пред 21-ви март. Доколку пак може да ја види сопствената сенка, зимата најверојатно ќе трае уште шест недели.

На Супер Бол ќе настапат Патриотите на Нова Англија и Соколите на Атланта кои ќе се борат за освојување на шампионатот на Националната фудбалска лига во САД.

XS
SM
MD
LG