Линкови за пристапност

Бројот на жртви од лавината во Италија се зголеми на 14


Спасувачките екипи велат дека ќе продолжат со потрагата, се` додека не ги пронајдат изчезнатите

Италијанските спасувачи велат дека бројот на жртвите од лавината во луксузното зимско одморалиште во Италија кое се случи минатата недела, се искачил на 14.

Спасувачите кои го пребаруваат местото во Италија пронашле уште пет тела под затрупаниот хотел Риџопијано со четири ѕвеѕди во Фариндол. Уште две тела биле пронајдени откако пожарникарите успеале да навлезат подлабоко во руинираниот хотел.

Неколкумина се извлечени живи од луксузниот ресорт, кој минатата среда беше затрупан од лавина на снег, а беше погоден и од неколку последователни силни земјотреси кои го зафатија централниот регион на Абруцо.

Петнаесет лица се водат како исчезнати.

XS
SM
MD
LG