Линкови за пристапност

Челси Менинг помилувана од претседателот


Тогашниот Бредли Менинг на Викиликс предал документи за што била изречена казна од 35 години затвор, пред да се декларира како жена.

Претседателот на САД Барак Обама, ја преиначи казнената мерка затвор за поранешната армиска разузнувачка аналитичарка Челси Менинг, обвинета за протекување на илјадници воени документи на веб-страницата која се бори против тајновитоста на владата, Викиликс.

Менинг беше осудена на 35 години затвор во 2013-та година, а со промената на одлуката, ќе биде ослободена во мај годинава.

Одлукате е една од 209-те затворски комутации и 64 помилувања. Оваа одлука на претседателот е донесена согласно традицијата пред заминување од функцијата. Поголемиот дел од останатите одлуки за помилување, се однесуваат претежно за ненасилни дела поврзани со дрога.

„Овие 273 лица научија дека нашата нација е нација која простува, онаму каде напорната работа и рехабилитацијата можат да донесат втора шанса, и каде грешките од минатото нема да не` сопрат да се движиме напред во животот“, рече вчера бранителот од Белата куќа, Нејл Еглестон.

Челси Менинг или поранешениот Бредли Менинг, предала на Викиликс преку 700 илјади класифицирани американски воени документи. Во нив имало информации и извештаи за Авганистан и Ирак.

Владините обвинители тврдат дека постапката на Менинг можела да ги загрози животите на војниците кои служеле армија и нивните сопруги.

Одбраната пак тврдеше дека Менинг сакала само да ги изложи фактите за вистината на военото учество на САД, и дека повеќето од документите не можеле да им наштетат на интересите на државата.

Менинг призна дека протекувањето на документите е направено, и дека тука сигурно имало удел конфузијата која настанала поради проментата на полот.

Тој се декларирал како жена после изрекувањето на казната, променувајќи го името од Бредли во Челси, а во изјавата стои дека планира да се подложи и на операција за промена на полот.

Адвокатот на Челси Менинг изјави дека таа се обиделa да се самоубие два пати, и дека ова помилување, на некој начин, ќе и` го спаси животот.

Претставниците од Белата куќа изјавија дека одлуката на Обама за затворската казна на Менинг да отслужи 35 години затвор била премногу голема споредувајќи ја со други казнени мерки за слични дела.

XS
SM
MD
LG