Линкови за пристапност

Трамп доаѓа на функцијата како еден од најнепопуларните претседатели


Големи истражувања на јавно мислење покажуваат дека Доналд Трамп ќе го започне мандатот со мала популарност – заклучок што тој веднаш го отфрли.

Заедничката анкета на Вашингтон пост и телевизијата АБЦ, покажа дека на само три дена пред инугурацијата на Трамп, тој е најнепопуларен од барем седум последни новоизбрани претседатели на САД.

Истражување изведено од ЦНН изминативе денови покажува дека американските гласачи изразиле нагло негативен став спрема начинот на кој Трамп ја извел транзицијата на власт од ноемвриските избори наваму, што е полошо отколку кај поранешните претседатели од поново време.

„Истите луѓе кои ги направиле лажните изборни истражувања на јавно мислење, и многу погрешија, сега ги прават овие анкети“, рече Трамп на Твитер. „Тие се наместени исто како и тогашните“.

Новоизбраниот претседател рече: „Народот ќе го преплави Вашингтон, луѓето доаѓаат во рекорден број. Ќе биде огромен собир, во четврток, петок и сабота“.

Рејтингот во истражувањата на АБЦ, Вашингтон пост и ЦНН е на 40 проценти за Трамп, што е за половина помал од рејтингот на Обама кога дојде на власт во 2009-тата година, и помал од 61 процент на Обама во време на заминување од функцијата.

Уште од 1976-та година, седум новоизбрани претседатели започнале со рејтинг од 56 до 79 проценти, во споредба со неодобрувањето на Трамп од 54-те проценти.

XS
SM
MD
LG