Линкови за пристапност

Репортажа на Гласот на Америка по улиците на Мосул


Илјадници бегаат од налетот на борците од Исламска Држава во источниот дел на градот

Многу жители се кријат по нивните домови додека се војува по улиците, а подоцна излегуваат кога ирачките сили ќе прогласат победа.

Во деновите кога без разлика дали се бега или прогласува победа, мажите и жените се уште се облечени во знакот на Исламската држава. Веќе неупотребливите учебници ја откриваат нивната идеологија, весниците и другите предмети за секојдневна употреба покажуваат колку длабоко вкоренетата група го тероризира народот.

Кодекс на облекување

Исламската Држава спроведе строг кодекс на облекување и како што велат тие, тоа се базира врз основа на исламските вредности. Семејствата кои бегаат од војната и милитантните групи се претежно Муслимани, и тие не се согласуваат со тоа, велат дека овие правила не се признаени од главниот Ислам.

Без разлика на тоа, кога тие живееле под влијанието на ИД, ги следеле сите наредби или во спротивно се соочувале со високи казни. Кодот на облекување кај една жена е: целосен црн вел преку лицето, нараквици и покриени нозе, и сето тоа во името на скромноста и побожноста.

Овој код се извршува на два начина. Прво, милитантите го тепаат сопругот или таткото од жената која не се облекува соодветно на правилата. Покрај тоа, женските припаднички на Исламската држава, пак, буквално ги тепаат на жените кои ги прекршиле правилата.

Доколку некое семејство побегне, многу од тие жени што носеле вел, го фрлаат и ги откриваат лицата кога ќе дојдат до областите контролирани од страна на Ирак.

Машкиот код е исто така строг и помалку тежок за разбирање посебно ако сте аутсајдер во ова. Милитантите инсистираат сите мажи да бидат забрадени и нивната коса да има соодветна должина. Пантолоните мора да имаат еластичен порабен раб на манжетната за да се покрие глуждот. Некои од нив, мора да носат ѕиври или чорапи над пантолоните.

Мажите велат дека неусогласеноста со кодот на облекување може да им донесе тепање по глуждевите на улица, или затвор каде може да биде применета некоја форма на насилство.

Образование

Луѓето кои бегаат во Ирак често се исмејуваат на тоа дека ако се базираш на наставните планови на милитантите тогаш најдобро е семејствата своите деца да ги чуваат дома. Тие велат, на училиште единствено што можеш да научиш е дека „еден куршум плус еден куршум е еднакво на два куршуми.“

Учебникот за деца на седум годишна возраст открива дека проценката за образованието на ИД не е шега. Книгите се преполни со насилство, со карикатури на оружје и борци скоро на секоја страница. На пример, еден аритметички проблем на една страна од учебникот е претставен вака: ако еден борец има 85 минофрлачи, а друг има 60 минофрлачи, која е разликата?

Во една клиника на Исламската држава, постојат постери со забрадени мажи и зошто тие треба да се забрадени како и постери со забранети сателитски телевизии. Луѓето кои успеале да избегаат од таму велат, казните за непочитување можат да бидат камшикување, затвор или смрт.

Страв и уништување

Ако се оди според плановите, во следните неколку месеци борците од Исламската држава може да биде истерани од Ирак, но милион лица ќе останат без своите домови.

XS
SM
MD
LG