Во чест на кинеската Нова година која годинава е во знакот на петелот, кинеска фабрика направила џиновска верзија на петел кој личи на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Дизајнот е на Кејси Латилоаис од Сиетл кој вели дека бил инспириран од многу сличности на птицата со Трамп.
„Со сигурност можам да кажам дека Г-динот Трамп има многу сличности со птицата. На пример, тој сака да испраќа пораки на Твитер, а самиот збор „твит“ е поврзан со птица или во случајов петел, тогаш едноставно овие слични особини ја носат самата идеја до реализација,“ вели Кејси.
Фабриката досега произвела 30 гумени петли, но има уште многу нарачки до 28-ми јануари, кога започнува кинеската Нова година. Овој петел може да се нарача и на интернет, со почетна цена од 376 долари за најмалата верзија висока од два метри. Најголемиот производ е со височина од 20 метри.