Линкови за пристапност

Студот во Европа – сериозна опасност за мигрантите


Воен брод кој се наоѓа укотвен на островот Лезбос во Грција, згрижил 500 имигранти за време на студениот период.

Илјадници имигранти во Југоисточна Европа се соочуваат со ризикот да умрат поради измрзнување. Лошите временски услови кои ја зафатија Европа со температури и до минус 20 целзиусови степени, тешко ги погаѓаат мигрантите кои спијат во шатори или импровизирани засолништа.

Српската влада ги повикала сите имигранти да се преселат во официјалните кампови. Но, групите за помош таму велат дека капацитетот е веќе исполнат.

Од добротворната организација Лекари без граници велат дека многу мигранти веќе починале од студ. Шефот на мисијата за Србија, Стефан Моисаинг, преку Скапј за Гласот на Америка изјави дека тие третираат голем број на здравствени проблеми.

„Има респираторни инфекции, шуга и вошки. Покрај тоа, имигранти кои ја поминуваат границата од Бугарија, последниве неколку дена трпат смрзнатици“, вели Моисаинг.

Околу сто мигранти секој ден влегуваат во Србија, и покрај напорите на унгарските власти да ја пресечат Балканската рута со поставување на бодликава жица на границата.

Многу од оние кои доаѓаат од Грција, остануваат заглавени.

Соочувајќи се со меѓународната критика за лошата состојба на камповите, властите досега преселиле стотици имигранти во празните хотелски соби со програма спонзорирана од ОН.

Воен брод кој се наоѓа укотвен на островот Лезбос во Грција, згрижил 500 имигранти за време на студениот период.

Агенциите за помош ја критикуваат Европа за неуспехот околу згрижувањето на имигрантите. Зборувајќи во Малта, Претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер, во средата повика земјите членки на ЕУ да го спроведат планот за релокација.

„Проблемот со имигрантите не може да биде оставен само на Грција, Италија или на Малта. Тоа е европски проблем на кој треба сите заедно да одговориме солидарно“, кажа Јункер.

Во меѓувреме, Германија информирала за остар пад на бројот на баратели за азил на 280 илјади во 2016-та година во споредба со тој од претходната година, 890 илјади имигранти.

XS
SM
MD
LG