Линкови за пристапност

Македонија: Процесот е почнат, но што ќе донесе?


Македонија: Процесот е почнат, но што ќе донесе?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Како ќе се определат албанските партии ќе биде клучот за политичката иднина, велат аналитичарите.

Процесот на формирање на новата македонска Влада нема да заврши набргу вели за Гласот на Америка, Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права од Скопје и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Според неа, тоа во голем дел ќе зависи и од барањата на албанските партии во земјава.

„Состојбата не може да се каже дека е добра и не може да се каже дека состојбата ја разрешува политичката криза, меѓутоа едно е факт дека процесот е почнат. Јас она што сметам деа е потребно е дека сите апсолутно сите треба да влезат во формирање на влада која ќе не извлече од кризата“, вели Цаца Николовска.

За Цаца Николовска е невозможно формирање на заедничка влада во која би партиципирале и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пред се поради различните ставови поврзани со Специјалното јавно обвинителство:

„Ние го имаме ВМРО-ДПМНЕ кое велеше дека ќе го укине СЈО, а од друга страна СДСМ и сите албански политички партии кои даваат подршка на СЈО. Ако во еден таков конфликт може да се најде заеднички именител во делот на функционирањето на СЈО, јас навистина не можам да го почувствувам тоа. Ако некој сака СЈО да го помножи со нула, како може да размислуваме дека тие луѓе ќе допринесат за решавање на кризата“, додава Цаца Николовска.

Политичкиот аналитичар Шпетим Положани очекува во идната влада да учествуваат сите албански партии кои добија пратенички мандати, но не и дека тие ќе влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да влезат бидејки тоа ќе биде „харикири“ за секоја политичка партија затоа што веќе доаѓаат локалните избори. Гледате дека сите почнаа да тактизираат. Ќе се формира владата, а Заев ќе тактизира до изборите. Нема да биде ништо до изборите за Албанците, ќе ги пролонгира роковите за реализација на некои свои ветувања. Тој не вети ништо повеќе од она што е предвидено со Уставот на Македонија. Само некој сонува со отворени очи“, вели Положани.

Положани верува дека идната влада нема да има стабилно мнозинство.

XS
SM
MD
LG