Француската полиција го уапсила поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај на аеродром во близна на швајцарско-германската граница, кога тој пристигнал со лет од Приштина.
Харадинај беше премиер во 2004-та и 2005-та. Тој беше командант на Косовската ослободителна армија, која водеше герилска војна за независност од Србија во доцните 90-ти години.
Србите го обвинуваат за вмешаност во тортура и убиство на цивили.
Харадинај беше два пати ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг. Србија бара ново судење.