Линкови за пристапност

Турските власти го идентификувале напаѓачот од Истанбул


Според медиумските извештаи, властите уапсиле уште пет други лица во врска со нападот и за кои се верува дека се членови на организацијата Исламска држава

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, соопшти дека властите го идентификувале напаѓачот, кој минатиот месец во ноќен клуб во Истанбул усмрти 39 лица.

Чавушоглу ова го изјави за време на интервјуто со државната новинска агенција Анадолу, но притоа не даде други детали.

Властите трагаа по напаѓачот уште од рано во неделата, кога успеал да избега од клубот.

Турските медиуми во вторникот објавија видео каде, како што рекоа, осомничениот напаѓач се гледа дека се движи низ плоштадот Таксим, во Истанбул. Не е познато кога било снимено тоа видео.

Според Анадолу, властите уапсиле уште пет други лица во врска со нападот и за кои се верува дека се членови на организацијата Исламска држава.

Претседателот Барак Обама во телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, изразил сочувство за жртвите, а, како што соопшти Белата куќа, лидерите се согласиле дека обете земји треба да останат обединети за да го поразат тероризмот. Воедно, Обама ги пофалил продолжителните напори на Турција за соработка со земјите од регионот во обидите да се обезбеди прекин на огнот на цела територија на Сирија, како и продолжување на политичките преговори меѓу сирискиот режим и опозицијата.

Турските медиуми, повикувајќи се на полициски извештај, соопштија дека три дена пред минатомесечниот напад, ширум Турција, вклучително и Истанбул, биле уапсени 63-ца осомничени милитанти на Исламската држава. Според истиот извештајот, многумина од уапсените биле од странски држави и дека истата џихадистичка ќелија што била зад нападот на аеродромот Ататурк во јуни, можно е да стои и зад овој напад.

XS
SM
MD
LG