Линкови за пристапност

Годишно обраќање на Иванов: Да прекинат поделбите на патриоти и предавници


Годишно обраќање на претседателот Иванов: Нема да дозволам Македонија да стане бинационална држава
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Годишно обраќање на претседателот Иванов: Нема да дозволам Македонија да стане бинационална држава

„Претседателот е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад. Со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот“ – обвини СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да покажат лидерство и обединување за државните и националните интереси, да си простат, да се помират и да ја почитуваат волјата на граѓаните“ - ова беше една од клучните поенти во годишното обраќање на Ѓорѓе Иванов. Во настапот, кој наместо во Собранието кое допрва ќе се конституира, се одржа во неговите простории, шефот на државата повика да прекинат поделбите на патриоти и предавници:

„Да престанеме бидејќи со секој збор и навреда ја продлабочуваме поделбата во нашето општество. Со секој збор и навреда, на нашите потомци во наследство им оставаме само кавги и поделби. Да престанат и нападите кон дипломатските претставници. Да престанеме секогаш вината да ја бараме кај другите. Одредени политички лидери да престанат да се повикуваат и да ги злоупотребуваат имињата на амбасадорите во Република Македонија за да остваруваат свои цели. Истовремено, го повторувам и повикот дипломатските претставници во вршењето на своите надлежности да внимаваат на нивните постапки и реторика и да се придржуваат до Виенските конвенции“, рече претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Ги критикуваше Европската Унија и НАТО за, како што ја нарече, блокадата на македонските евроинтеграции. Побара Брисел да прекине со таквиот однос зашто тоа, според него, се одразило на внатрешната политика на земјата. Порача дека нема да се согласи со какво било редефенирање на Македонија.

„Се уште слушам како поедини лидери на партии јавно лицитираат со унитарниот карактер на државата, со некаква си кантонизација и федерализација, со името на државата и идентитетот на граѓаните. Тие лицитираат со државните интереси. Нема да дозволам Македонија да стане бинационална држава“, додаде Иванов.

Тој очекува новата Влада да спроведе попис за да се види дали изјавите на политичарите соодветствуваат со ситуацијата на терен. Иванов исто така ја бранеше својата одлука за помилување зашто, како што рече, така ги разбил црните сценарија против земјата. Го обвини СЈО дека работело селективно и политизирано. Настапот на претседателот опозицијата го оцени како продолжување на политиките на конфликт. „Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад. Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот“ – соопшти СДСМ. За БЕСА дел од пораките на шефот на државата воопшто и не биле во негова надлежност.

XS
SM
MD
LG