Линкови за пристапност

Почна судењето за обидот за државен удар во Турција


Обвинети се 29 полицајци за помагање на нападот, при што загинаа 270 лица

Турција го почна судењето за 29 полицајци обвинети за помагање на неуспешниот обид за државн удар во јули, при што животот го загубија 270 лица.

Обвинителите велат дека на овие лица ќе им се суди за непочитување на нивната должност да го штитат претседателот на Турција Реџеп Ердоган и неговата резиденција.

Дваесет и еден од обвинетите се соочуваат со казна доживотен затвор, ако се докаже дека биле вмешани во соборување на Владата, додека останатите ќе се соочат со казна од 15 години затвор, за учество во терористичка група.

Турција ударот го осомничи Фетулах Ѓулен, свештеник кој живее во САД. Тој, пак, ги негираше ваквите тврдења.

Владата на Турција досега уапси 40.000 лица, а повеќе од 100.000 административци, учители, судии и други кои беа вмешани во заговорот, ја изгубија работата.

Турската влада ја суспендираше работата и на повеќе граѓански организации и групи.

Критичарите, вклучувајќи ги владите на западните држави, како и организациите за човекови права, ја осудија турската Влада, бидејќи место да се насочи кон лицата кои се вмешани во заговорот, опфатила лица, групи и граѓански здруженија, оти не се согласувале со политиката на Ердоган.

Турската влада исто така го обвини Ѓулен дека стои зад убиството на рускиот амбасадор на изложба во Анкара.

Руската влада, пак, рече дека ќе ги почека резултатите од заедничката истрага, пред да обвини некој, виновен за нападот.

XS
SM
MD
LG